Успехот е категорија која е релативно нова во човечката историја: едвај 100тина години почнувајќи од „американскиот сон“ па наваму, идејата на „бескрајни можности“ го поплави поголемиот дел од светот. Нашите претци не размислувале за тоа дали се успешни, ниту дали се среќни. Секој си го знаел своето место во средината,…
Лажењето е дел од вербалната/пишана комуникација, и се случува во комуникациски процес. Најдобро прифатената дефиниција за лажењето е следната: „Личноста лаже кога кажува нешто за што знае дека е невистинито, со намера другата личност да поверува дека тој исказ е вистинит (Купфер, 1982). Заповедта „да не се сведочи лажно“ е…
Како се нашите партнерски релации сега и овде? Со кои и какви динамики во релациите се соочуваме? Кои се нашите очекувања и предизвици во релациите? Овие прашања беа мотив за да спроведеме неформално истражување за нашите партнерски релации, кое се реализираше во самото средиште на ковид пандемијата во Македонија,…
Во училиште, го дискутиравме Достоевски и решававме интеграли. Но, никој не нè научи како најдобро да се сакаме себеси и зашто е тоа важно. Ковид кризата го промени нашето секојдневие, па и секојдневието на децата. Многу нешта кои се важни компоненти од нивното образование, им се одземени: личниот контакт со…
Голем број на луѓе во оваа пандемична криза се силно истоштени. Ние сме навикнати да функционираме во повеќе улоги кои ги остваруваме во време и простор кој го минуваме/менуваме. Одиме на работа, соодветно деловно облечени, каде го имаме професионалното лице. Одиме во ресторан/бар/кафана каде го имаме пријателското лице, каде се…
Големите кризи, како оваа наша пандемична ситуација, делуваат како забрзувачи на сите оние теми и нешта кои луѓето имаат тенденција да ги одложуваат. Со оглед дека оваа ситуација на многу начини нè држи „заглавени“, таа всушност ги поттикнува сите оние теми кои досега биле под илузијата на „има време за…
Bo секое семејство има неразрешени нешта, недоразбирања, конфликти, па и сериозни кавги. Тие често се пренесуваат од генерација на генерација, па оние најмладите често не знаат што е вистинската причина за некои чести или сложени расправии во семејството. Додека некои одбираат да зборуваат за тоа со најблиските, други премолчуваат, а…
Оваа вонредна ситуација во која живееме повеќе од еден месец, беше различно дочекана од секоја индивидуа и секое семејство. За некои оваа вонредна ситуација ја наруши воспоставената животна стабилност, а други ги најде сред веќе постоечка лична криза, психолошка состојба или животна нерамнотежа. Она што е сигурно, е дека за…
Депресијата ја погодува индивидуата, но таа делува и на партнерот/ката и вешто се вовлекува во партнерскиот и семеен живот. Што значи депресијата на индивидуално ниво? Депресивната слика се појавува во широк распон помеѓу благо намалено расположение и волја кај здрави луѓе и афективното ментално растројство на мајор депресија со психотични…
Оној кој доживеал паничен напад, знае дека тој може да делува како вистинска траума. Паничниот напад е вистински силно, непријатно и застрашувачко искуство, кое може да го искусите само еднаш или повеќе пати, и ако е проследен со „предвидувачки“ страв од повторна панична реакција, може да постане и хронична состојба.…