Опис

01.02.2022

18:00-20:30

 

Храната е есенцијален дел од нашиот живот, и тоа не само како биолошка неопходност но и како психо-социјална компонента. Трпезата или храната нè придружува на свадба, прослава, веридба, роденден, годишнина, дипломска, дружење со пријатели, задушница; кога ќе се собереме по повод нечие раѓање или кога го кажуваме последното збогум.

Нашиот однос со храната не е само биолошка потреба; таа има повеќе значења, улоги и функции во нашиот живот. Неретко односот со храната манифестира повеќе значајни односи – однос со себеси, со својот живот, со опкружувањето. Кога имаме нефункционален однос со храната, таа постанува наша значајна награда или казна, наша единствена зона на слобода, најдобра утеха, компензација за многу наши незадоволени емоционални потреби, пријател, задоволство кое причинува големо чувство на вина и самопрезир, нешто од кое ужасно се плашиме. Токму затоа многу наши обиди да го промениме начинот на исхрана биле неуспешни.

Често пати вистинското прашање не е што и колку јадеме, туку кои емоции и чувства нè јадат нас?

Доколку имате искуство со:

  • Големи рестрикции во исхраната кои не биле ефикасни/со кои не сте се чувствувале добро
  • Често компулсивно прејадување
  • Емоционално (не)јадење
  • Негативна слика за своето тело и несигурност поврзана со изгледот
  • Уверувања и идеи „Само да ослабам и ќе бидам среќна и задоволна со себе“, „Само ако ја зголемам мускулатурата, ќе бидам привлечен и посакуван“ ; овој вебинар е за Вас.

Нашето тело, ум и душа функционираат во совршена целина во која се поврзани и меѓусебно делуваат едни на други. Токму таму, во нашето ментално и емоционално тело, е вистинското место каде што треба да погледнеме и да посветиме внимание, кога ќе донесеме одлука да инвестираме во нашето физичко здравје и виткост.

На овој вебинар ќе имаме отворена и топла дискусија и психоедукација за:

  • препознавање на нашите емоции и чувства во односот со храната и со нашето тело,
  • свесност за односот кој го имаме со храната и со телото,
  • предложени вежби и техники со кои ќе можете да си дадете ментална и емоционална поддршка при справувањето со емоционално гладување/прејадување.

Водител: Ивана Станковска, лиценциран М-р психолог и семеен советник

За резервација следете ги следниве чекори:
1. Уплата на жиро сметка
Психолошко катче Мандала ДООЕЛ Скопје
210071851200111 НЛБ Тутунска Банка
Уплата: 500,00
1.1. Можете да уплатите и во канцеларијата на советувалиштето на следната адреса: Прашка 13 влез 1 стан 3, Тафталиџе
2. По уплатата, нè известувате на e-mail psiholoshko.katche@gmail.com за Вашата валидна e-mail адреса
3. На Вашата e-mail адреса добивате линк за вклучување на вебинарот.

За повеќе информации бидете слободни да нè побарате на 072/311-677
Добредојдовте!