Опис

15.03.2022

18:00-20:30

Ниедна личност не е сосема слободна од свои внатрешни конфликти. На истиот начин, ниедна релација не е сосема слободна од конфликт.
За некои луѓе идејата за конфликт е трауматична – ќе сторат сè за да го избегнат. За други, конфликтот е она што додава екстра зачин на нивниот солиден и креативен однос.
Најчесто, конфликтните моменти се непријатни и ни делуваат различно: да се чувствуваме неразбрано, неуважено, непочитувано, несакано, тажно, бесно, недоверливо, неслушнато…
Помеѓу она кое го мислев и она кое го кажав, она кое го кажав/направив и она кое ти го разбра, она кое ми го одговори и како јас го разбрав/доживеав тоа, она кое го мислев и чувствував но не го кажав и она кое не го мислев но го кажав; се случува нашата комуникација и проблемите во истата.
Како можеме да комуницираме подобро?
Како можеме да постигнеме да ги имаме/менаџираме нашите несогласувања и разлики, без да ја изгубиме поврзаноста/љубовта?
Овој вебинар е посветен на комуникациски вештини и конфликти во: партнерска релација, пријателска релација и колегијална релација.
На овој вебинар ќе се посветиме на:
– Совладување и разбирање на комуникациските замки
– Понекогаш сме толку фокусирани на конкретната содржина за која имаме конфликт, што не можеме „да ја видиме шумата од дрвјата“. Дали знаеме за што всушност се караме?
– Развивање на вештина за подобра комуникација и релациска одговорност.
Водител: Ивана Станковска, лиценциран М-р психолог и семеен советник.
За резервација следете ги следниве чекори:
1. Уплата на жиро сметка
Психолошко катче Мандала ДООЕЛ Скопје
210071851200111 НЛБ Тутунска Банка
Уплата: 500,00
1.1. Можете да уплатите и во канцеларијата на советувалиштето на следната адреса: Прашка 13 влез 1 стан 3, Тафталиџе
2. Веднаш по уплатата нè известувате на e-mail psiholoshko.katche@gmail.com за Вашата валидна e-mail адреса
3. На Вашата e-mail адреса добивате линк за вклучување на вебинарот.
За повеќе информации бидете слободни да нè побарате на 072/311-677
Добредојдовте!