Опис
Кон крајот на оваа наша 2021 година и по повод 5 години советувалиште Мандала, Ве покануваме на Новогодишен вебинар за личен раст и развој!
На овој вебинар, ќе се посветиме на 3 важни теми, кои ќе ни помогнат да се поздравиме со 2021 година и да ја пречекаме 2022:
- Ментална хигиена
Како што редовно практикуваме лична хигиена, се грижиме за нашето физичко здравје и исхрана, дали умееме да практикуваме и ментална хигиена?
Од што се состои менталната хигиена? Кои се нејзини важни принципи и практики?
Во овој дел, ќе добиете неколку насоки и задачи за практикување ментална хигиена.
- Партнерски релации
Партнерските релации се важен дел од нашиот живот.
Како го танцуваме партнерското танго? Што нè спојува, а што нè оддалечува? Како можеме да оствариме квалитетно партнерство? Како можеме подобро да ги менаџираме партнерските кризи?
- Стрес менаџмент
Можеби не можеме да го избегнеме стресот, предизвиците и проблемите во животот, но како можеме подобро да ги менаџираме?
Повелете на новогодишниот вебинар – роденденски подарок за Вас од советувалиште Мандала! Во чест на престојните празници, подгответе се за убава дискусија пред Вашите екрани, со чаша пијалок за да наздравиме.
Пријавувањето е задолжително на е-mail: psiholoshko.katche@gmail.com