Опис

19.04.2022

18:00-20:30

Сите се плашиме и чувствуваме страв во некои ситуации. Стравот може да се појави во контакт со различни објекти, во одредени ситуации или релации, кога е потребно да реализираме посебни чекори во животот, или поврзано за одредени состојби. Стравот го следат најразлични негативни мисли и непријатни физички симптоми со различен интензитет, без разлика дали тој е вистински и реален, или претеран и ирационален.
Стравовите се обично предизвикани од доживувања запишани во нашиот ум како опасни или загрозувачки, без разлика дали е тоа нивната објективна карактеристика или не.
Кога е дел од одредени невротски состојби, тој го парализира и ограничува нашето добро функционирање: при генерализирана анксиозност, панични напади, анксиозно-депресивна состојба, социјална анксиозност, фобии, опсесивно-компулсивно нарушување.
Стравот е незгоден пријател: може да има повеќе лица, умее да се камуфлира како добронамерник, умее одеднаш и изненадно да нè нападне во сосема неочекувана ситуација, умее да манипулира со нас, со нашите животни одлуки и со нашите релации со другите луѓе, а сепак некогаш навистина нè заштитува од многу непријатни или опасни ситуации. Како да знаеме кога е адекватен, а кога не е?
На овој вебинар, психоедукативно ќе се обидеме да ги разбереме стравовите и да научиме неколку базични и корисни техники за управување и регулирање на емоцијата СТРАВ.
Водител: Ивана Станковска, лиценциран М-р психолог и семеен советник.
За резервација следете ги следниве чекори:
1. Уплата на жиро сметка
Психолошко катче Мандала ДООЕЛ Скопје
210071851200111 НЛБ Тутунска Банка
Уплата: 500,00
1.1. Можете да уплатите и во канцеларијата на советувалиштето на следната адреса: Прашка 13 влез 1 стан 3, Тафталиџе
2. Нè известувате на e-mail psiholoshko.katche@gmail.com за Вашата валидна e-mail адреса
3. На Вашата e-mail адреса добивате линк за вклучување на вебинарот.
За повеќе информации бидете слободни да нè побарате на 072/311-677
Добредојдовте!