Опис
12.12.2023
18:00-20:30
Какви се мажите психолошки, а какви се жените?
На оваа тема имплицитно се зборува многу, а сепак не ја чувствуваме како некоја посебно важна тема или дискусија. Во модерното време, свесни сме дека и мажите и жените се паметни, вредни, одговорни, имаат свои соништа и потреби, и мажите и жените се радуваат и плачат, љубат и страдаат; па така и не е баш најјасно дали воошто постои специфична машка и специфична женска психологија. Сепак, сите имаме некои наши специфични замисли, убедувања и доживувања за себеси и својот пол, како и за спротивниот пол. Во голем дел, социо-културолошкиот аспект ги обликува и мажите и жените.
Ве поканувам за заеднички интерактивен вебинар на кој ќе ја истражуваме „машкоста“ и „женскоста“, попатно ќе разбиеме некои митови, а ќе го зачиниме разговорот со наука и истражувања.
- Ќе започнеме од Карл Јунг, и неговите архетипи: за анимусот во женската психа и анимата во машката психа. Како овие несвесни аспекти се манифестираат и развиваат во нашите животи, во односот со себе, со другите и со светот?
- За машко – женското пријателство
- За машката и женската сексуалност
- За машкиот и женскиот емоционален живот
- За машката и женска комуникација
Колку и во што се мажите и жените слични, а колку и во што се различни?
Што значи да се биде маж, а што значи да се биде жена?
Што е она кое не го разбираме за спротивниот пол, а би сакале подобро да го разбереме?
На овој вебинар, ќе ги отвориме истите, а истовремено ќе се обидеме да дадеме една историско-психолошка перспектива и социо-културолошки контекст во кој обата пола се развиваат, обликуваат и се менуваат.
1. Уплата на жиро сметка
Психолошко катче Мандала ДООЕЛ Скопје
210071851200111 НЛБ Тутунска Банка
Уплата: 900,00
1.1. Можете да уплатите и во канцеларијата на советувалиштето на следната адреса: Прашка 13 влез 1 стан 3, Тафталиџе
2. Нè известувате на e-mail psiholoshko.katche@gmail.com за Вашата валидна e-mail адреса
3. На Вашата e-mail адреса добивате линк за вклучување на вебинарот.