Сите сме истоштени

Голем број на луѓе во оваа пандемична криза се силно истоштени.

Ние сме навикнати да функционираме во повеќе улоги кои ги остваруваме во време и простор кој го минуваме/менуваме.
Одиме на работа, соодветно деловно облечени, каде го имаме професионалното лице. Одиме во ресторан/бар/кафана каде го имаме пријателското лице, каде се опуштаме, слушаме музика, се дружиме. Одиме дома, каде е нашиот личен простор и каде сме во семејните улоги на родител, партнер, дете.
Овие месеци, повеќето луѓе ги имаат сите овие улоги седејќи на едно место, во еден контекст, најчесто пред својот компјутер и во своите домашни папучи.
Она што луѓето го споделуваат, е дека најчесто се чувствуваат уморни, осамени, гладни за човечка конекција и за својата слобода на движење, збунети.
Она што може да помогне, се ритуали и одредени рутини кои ќе помогнат во добро поставување на граници помеѓу една или друга улога, додека сте „заглавени“ во контекстот на Вашиот дом.

Најдете барем едно нешто ново кое ќе го направите во текот на денот, а кое ќе биде во функција на релаксација. Нашата потреба за имагинација, возбуда, различност и новина е многу важна да ја негуваме, за да го храниме сопственото доживување на слобода и живост.

Нема производи во кошничка