Што чекам?

Големите кризи, како оваа наша пандемична ситуација, делуваат како забрзувачи на сите оние теми и нешта кои луѓето имаат тенденција да ги одложуваат.
Со оглед дека оваа ситуација на многу начини нè држи „заглавени“, таа всушност ги поттикнува сите оние теми кои досега биле под илузијата на „има време за тоа“.

Соочени со непредвидливоста на животот, моменталната несигурност и неизвесност, одеднаш се појавуваат следниве идеи и прашања кои го содржат потпрашањето „Што чекам…?“:

  • Ајде да се венчаме!
  • Сакам да имам дете!
  • Дали сакам да останам во оваа партнерска релација?
  • Дали е ова работно место доволно добро за мене?
  • Што можам да направам за да напредувам во работата?
  • Сакам да заработувам повеќе!
  • Сакам конечно да ја завршам магистерската теза!

Можеби треба да се опуштам и конечно да почнам да уживам во животот…

Нема производи во кошничка