Сите сонуваме, секоја ноќ, неколкупати во текот на ноќта. Соништата нè учат, инспирираат, нè насочуваат, но и раскажуваат...
Групата за личен раст и развој е место и време во кое можеме да бидеме бескрајно свои, автентични, слободни. Простор во кој се откриваме и запознаваме себеси, го ослободуваме она што веќе не ни е потребно и го примаме во својот живот она што сакаме да го креираме; а сето…
Психолошкото тестирање се прави за конкретна цел, за која ни е важно да креираме психолошки наод и мислење за личноста. Најчесто, психолошкото тестирање се прави со соработка со доктор психијатар, или за корпоративни цели при професионална селекција и вработување.
Работилниците за личен развој имаат две компоненти: психоедукативна и искуствена. Во психоедукативниот дел, наша цел е подобро да ја разберете конкретната тема, да стекнете важни информации поткрепени од психолошката наука и истражувања.
Предавањата се наменети за да Ве едуцираат, информираат и да Ви понудат специфични психолошки знаења за теми кои Вас Ве интересираат. Темите се однесуваат на психолошки состојби, лични и животни кризи, и релации.
Станува збор за трансгенерациски метод креиран од Bert Hellinger, со кој се изнесува на виделина и разрешува заплетеноста на семејниот член во животните искуства и траумите на родителите и претходните генерации.
Семејното советување е системски концепт, во кој станува јасно дека одредени состојби, проблеми и кризи настануваат во специфичен контекст од релации, и токму во тој контекст лежи нивното разрешување.
Базирана на психолошката наука и истражувања, психотерапијата има главна задача да биде Ваш навигатор во справувањето со одредена психолошка состојба или животна криза. Причина за да се побара психолошка помош е кога личноста се соочува со специфичен психолошки проблем, одредена животна ситуација која не умее сама да ги разреши; или…