Психолошкото тестирање се прави за конкретна цел, за која ни е важно да креираме психолошки наод и мислење за личноста. Најчесто, психолошкото тестирање се прави со соработка со доктор психијатар, или за корпоративни цели при професионална селекција и вработување.
Психолошкото тестирање подразбира:
– Психолошка експлорација со примена на психодијагностички методи, техники и инструменти, односно се спроведува батерија на психолошки тестови
– Креирање на психолошки наод и мислење во насока на специфичната цел заради која се врши психодијагностиката, кој вклучува: интерпретација на тестовните резултати кои ги остварил клиентот, заклучок со психодијагностичка импресија, и препорака од психологот.