Психологија и психотерапија

Базирана на психолошката наука и истражувања, психотерапијата има главна задача да биде Ваш навигатор во справувањето со одредена психолошка состојба или животна криза.

Причина за да се побара психолошка помош е кога личноста се соочува со специфичен психолошки проблем, одредена животна ситуација која не умее сама да ги разреши; или кога личноста едноставно сака да се открива себеси, да расте и се развива во секој аспект на својот живот.

Психотерапијата е тераписки процес кој се одвива низ дијалог, вежби, експерименти, различни методи и техники кои покренуваат различни процеси вклучувајќи го телото, емоциите, мислите, однесувањето.

Велиме дека психотерапијата е процес бидејќи таа сама по себе не нуди готови решенија и одговори, иако терапевтот поседува стручни искуства и знаења за конкретни прашања кои е потребно да ги одговори директно и јасно. Психотерапијата бара активно учество на клиентите во своето психотераписко време за себе, затоа што само тогаш таа е успешна и нуди добри резултати.

Психотерапијата се чини дека е болна, тешка, сериозна….всушност таа е лечебна, ослободувачка, едукативна, мотивирачка, инспиративна, интригантна, дури и забавна! Она што е најважно за овој процес, е дека тој се одвива во безбедна, интимна и дискретна средина, во која сите учесници се почитуваат и уважуваат еден со друг.

Психотерапевтот е Вашиот придружник на патот кон – себе. Конечната цел на овој процес е повторно да се сретнете себеси, автентични, целовити и радосни, во љубов и баланс со сопствената душа.

Е-информатор

Нема производи во кошничка