Група за личен развој

Групата за личен раст и развој е место и време во кое можеме да бидеме бескрајно свои, автентични, слободни. Простор во кој се откриваме и запознаваме себеси, го ослободуваме она што веќе не ни е потребно и го примаме во својот живот она што сакаме да го креираме; а сето тоа во пријатна, топла и безбедна атмосфера.

Групата е наменета за секој кој сака да биде креатор на својата животна приказна. За секој кој е заинтересиран за својот личен развој, промена, свесност за себеси. Во текот на групната работа, групната енергија нè води кон работа на оние теми кои се најзначајни за групата, како на пример:

– Љубов и секс. Избор на партнер. Квалитетна партнерска релација
– Поставување цели и донесување одлуки
– Вештини за справување со/ослободување од стрес
– Зајакнување на емоционалната интелигенција
– Разрешување на животни застои и блокади
– Разрешување на животни предизвици
– Наоѓање на конструктивни решенија на проблемите
– Зајакнување и развивање на (само)доверба и (само)почитување
– Подигнување на свесноста за себеси, и свесноста за другите
– Унапредување на релациските вештини ( релации во семејството, социјални релации, пријателски, партнерски….)
– Развивање на побогат психолошки живот
– Разработка на постоечкото животно сценарио (скрипт) и поддршка за донесување на нова одлука за поставување здрави цели и ново, конструктивно и победничко животно сценарио

Групната работа се одвива според методологијата на системска семејна психотерапија, а притоа ќе применуваме и:

– Медитација
– Психолошки експерименти 
– Интерактивни вежби

Е-информатор

Нема производи во кошничка