Работилниците за личен развој имаат две компоненти: психоедукативна и искуствена.
Во психоедукативниот дел, наша цел е подобро да ја разберете конкретната тема, да стекнете важни информации поткрепени од психолошката наука и истражувања.
Искуствениот дел е сочинет од психолошки вежби, експерименти и техники произлезени од повеќе психотераписки правци: системски семеен пристап, гешталт школата и системските семејни констелации. Практикувајќи ги овие вежби, наша цел е овде и сега да менувате или учите лични вештини, комуникација, навики, да разрешувате дилеми или непосакувани однесувања.