Сите сонуваме, секоја ноќ, неколкупати во текот на ноќта. Соништата нè учат, инспирираат, нè насочуваат, но и раскажуваат за нашето колективно наследство и иднина, усмерувајќи го развојот на цели култури и цивилизации. Според своето значење, тие може да бидат мали и големи. Можат да ни донесат корисна препорака за моменталната наша ситуација, или да најават значајни промени во нашиот живот. Исто така, може да бидат предвидувачки, предупредувачки, исцелителни, компензациски, астрални. Секој сон е посебен и неговото значење му припаѓа само на оној кој го сонува – секој човек креира своја симболика зависно своите искуства. Анализата е личен процес, без разлика дали се прави индивидуално или во група. Индивидуалните сеанси овозможуваат длабинска анализа на соништата која може да поттикне значајна работа на себе низ психолошко советување и психотерапија.
Што ни овозможува психолошката анализа на соништа?
- Пораките од соништата помагаат да ги корегираме свеснoто гледање и доживување на секојдневните ситуации, на луѓето во нив, како и на самите нас во смисла на себезапознавање. На тој начин можеме да избегнеме повеќе заблуди и конфликти, да бидеме задоволни и успешни во нашиот живот бидејќи подобро ќе го разбереме
- Соништата не подготвуваат за важни животни случувања, настани и промени. На тој начин трошиме многу помалку психолошка енергија кога ќе се случат тие настани, бидејќи веќе сме ги обработиле психолошки низ соништата.
- Соништата кои се повторуваат, имаат исти или слични елементи и содржини, му помагаат на сонувачот да ја согледа животната ситуација или проблем во кој се наоѓа, а кој не успева да го согледа на свесно ниво и затоа одново влегува во истите ситуации и проблеми
- Кошмарните соништа упатуваат на горлив животен проблем кој сонувачот не успева да го реши бидејќи го нема целосниот увид во проблемот кој се чини дека бара итно разрешување
- Соништата може да дадат конкретно и јасно предупредување за извесна опасност, па навремената анализа може да помогне да се избегнат ризични и непријатни настани
- Некои соништа предвидуваат повеќе или помалку значајни настани. Понекогаш првиот сон од детството на кој се сеќава сонувачот, може да ја прикаже неговата животна приказна
- Низ долгогодишна анализа на соништата, сонувачот може да го следи својот развој и созревање, како и главните конфликти кои го кочат тој процес.