Ние со бебе

Постпартален период: како да се погрижите за себеси?

1. Дадете им приоритет на Вашите потреби. Грижата за себеси е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за Вашето бебе!

2. Јадете, одморете се, вежбајте: секогаш кога за тоа ќе имате можност. Тоа значи три оброка дневно, и кога Вашето бебе спие- придружете му се, прочитајте добра книга, или нешто слично што Ве опушта. Мали прошетки се одлични за физички и психолошки баланс и добро психофизичко функционирање.

3. Не се плашете од своите чувства. Можеби истите се знак дека само Ви е потребна помош, но не дека страдате од постпартална депресија. Ако продолжите да се чувствувате лошо повеќе од две недели, ќе Ви годи да се консултирате со стручно лице. Ќе се изненадите колку подобро ќе се чувствувате кога ќе ги прифатите своите чувства и ќе се потпрете на некого кој ќе знае да Ви се придружи и води низ овој период додека не се почувствувате повторно ’’во своја кожа’’.

4. Дајте си време. Не очекувајте премногу од себеси; не очекувајте да продолжите таму каде што сте застанале пред раѓањето на бебето. Поставувајте мали, остварливи цели.

Нема производи во кошничка