Психолошката анализа на соништа е авантура која води кон себе, кон себеостварување. Оние кои ќе ја започнат оваа авантура, влегуваат во кралство од бои, звуци, слики, ликови, настани, доживувања… цела една бајковита драма. Точната анализа на оваа драма може да ви помогне на многу различни начини, да ја зајакнете самосвесноста,…
Сонот е природна појава, со кој на специфичен јазик ни се обраќа и открива нашето несвесно. Најчесто во форма на слики, фигури и симболи, понекогаш како вистинска драма ја изразува префинетоста и моќта на чувствата, исто толку добро како и јасната рационална мисла. Понекогаш ни се чини скоро бесмислена, нелогична…
Еден од најголемите проблеми со кои се сретнуваат луѓето кои би сакале да ги анализираат своите соништа, е нивното заборавање. Во моментот на будење тие се свесни за сонуваната содржина но тоа сеќавање брзо „испарува“, оставајќи го сонувачот со непријатно чувство на лишеност и залудни обиди да се присети. Наместо…