– Зашто со секој партнер ја преживувам истата врска?
– Зашто парите не доаѓаат кај никого во моето семејство?
– Зашто моето амбициозно, смело, отворено дете одеднаш страда од силна трема?
– Зашто не можам да износам здрава бременост до породување, иако докторите велат дека не постои медицинска причина?
– Како човек кој 20 години се вози со автобус, одеднаш во тие околности започнува да страда од панични напади?
– Зашто секогаш наоѓам агресивни партнери?
Овие прашања се дел од Ваши теми, за кои ја правите својата констелација.
Станува збор за трансгенерациски метод креиран од Bert Hellinger, со кој се изнесува на виделина и разрешува заплетеноста на семејниот член во животните искуства и траумите на родителите и претходните генерации. Поредокот на љубовта трага за корените на проблемите и ги решава на она ниво на кое тие и настанале. Проблемот или темата поради која доаѓаме на констелација е лична, но нејзиниот корен може да биде во тешкото искуство, болните чувства, неразрешените релации и трауми низ кои сме поминале во текот на детството, младоста; или пак може да биде поврзан со болните искуства на нашите родители, нашите баби и дедовци, или генерациите пред нив. Семејните констелации се метода која ги разрешува трансгенерациските трауми, кои несвесно преку емоционалното и психолошко врзување на децата за нивните родители, се пренесуваат од родителите на децата, односно од претците на потомците.
Низ семејните констелации се отвора патот кон љубовта која живее во секој од нас. Токму разрешувањето на блокадите овозможува љубовта да ја совлада браната и повторно да протече. Тој процес е лечебен: љубовта е сеопфатна, и се изразува само во слобода. Семејните констелации овозможуваат да се надминат блокадите, стравовите, проблемите, траумите во семејните, пријателските, работните релации; да ги откриете и разрешите причините за конфликтите, недостатокот на финансии, љубов, самодоверба, здравје. Оваа метода може да се работи индивидуално и групно.
За групни семејни констелации, имаме фантастична можност да констелираме во Скопје заедно со Маја Мандиќ Марковиќ, која доаѓа од Белград, Србија. Таа е психолог, системски семеен терапевт, сертификуван едукатор и практикувач на Хелингеровата метода за семејни констелации.
Повеќе за семејните констелации и Маја Мандиќ Марковиќ на следните линкови:
www.arkonamaja.rs
FB: Porodicni raspored – Udruzenje Helinger
Instagram: arkonamaja
За престојните работилници, следете со стрелката подолу на оваа страница.
За време на работилницата станува јасно каде дошло до психолошки и енергетски застој и каков е вистинскиот природен баланс; што им овозможува на делотворните сили повторно да можат да работат за нас.
Признавањето, уважувањето на најдлабоките повреди и одврзувањето од трауматските животни искуства ја ослободува енергијата која е извор на нашата лична сила, и која ни е неопходна за целовит живот.
– да ја отворите својата семејна констелација
– да увидите како вашите сегашни важни животни теми/прашања се вплеткани во трансгенерациските семејни приказни
– да постигнете психолошко растеретување и да поттикнете процес на исцелување на психолошко, телесно и духовно ниво
– да воспоставите целовитост и рамнотежа на индивидуално како и на семејно ниво
– да добиете значајно искуство во својот личен (и семеен) раст и развој.
Доколку се пријавите само како учесник кој ќе биде избиран како претставник, цената изнесува 20 евра, или 1200,00.
Важно : Работилницата завршува тогаш кога сите пријавени за свои констелации, ќе ја одработат својата лична тема.
https://www.facebook.com/events/626508455837242/?ref=newsfeed
072 311 677 (Ивана Станковска, М-р психолог, семеен советник).
psiholoshko.katche@gmail.com.