Case Studies

Одлука

Излегувам од зградата кај што работам. Пред мене гледам река, која во реалноста не постои. Се придвижувам кон реката и гледам мост. Мостот е дрвен, стар, но стабилен. Преку мостот ја гледам зградата каде што знам дека се наоѓа компанијата каде што сакам да почнам да работам...

Паѓање

Јас сум на сртот на една огромна планина. Чекорам со девојка покрај планинскиот обвив, околу камениот обод на планината. Не ја познавам девојката. Двајца мажи, со огромна градба, скокнуваат кон нас од некаде и ме напаѓаат. Се бориме некое време, и не можам да се одбранам од нив, ме совладуваат…

Човек во завои и синџири

Во мојата куќа во една соба која ја заклучувам постојано, спие еден човек. Човекот е врзан за креветот, замотан во завои од глава до пети. Овој сон го сонувам континуирано скоро 20 години“ Анита...

Сладолед

Се наоѓам во соба во една куќа со мојата другарка Марина. Во соседната соба има повеќе мажи. На некој начин во сонот се тие поврзани со мене. Марина им се смее, и ми кажува дека и се смешни. Изгледаат како селани, и еден од нив држи во раце едно преубаво…

Помошникот

Зборувам на телефон со една другарка, не се сеќавам на разговорот, но се чувствувам напнато. Со татко ми и мојот сопруг се подготвуваме да излеземе од домот, додека мојата слугинка пушта внатре 14 годишно момче кое дошло да бара работа...

Дете во плакар

Овој сон го сонувам константно. Влегувам во една напуштена колиба. Внатре има девојче кое е само; седи на подот и молчи. Изненадена сум од ситуацијата и присуството на детето, бидејќи ми се чинеше дека колибата е празна и напуштена...

Девојка со лузни

Доаѓа една девојка во мојот двор, убава, со долга кафена коса, згодна, слатка, шарматна, со мили очи....Ме гушка и бакнува како да не сме се виделе сто години, а јас не ја знам. И велам, од каде знаеш каде живеам, ми вели дека ја пратил дечкото кој ми се допаѓа...

Бесилка

Мојот бивш дечко доаѓа кај мене на работа, на систематски преглед. Јас се однесувам како да ми е клиент, дури и го персирам. Излегува од кај мене, оди кај докторката да се прегледа и јас и’ се јавувам и и’ викам, ‘’Мојот дечко ќе дојде кај тебе да се прегледа’’...

Нема производи во кошничка