Опис
Онлајн вебинар кој ќе се оддржи на:
31.10.2023
18:00-20:30
“Само-саботажа е кога велиме дека сакаме нешто, и потоа го правиме токму она што е потребно за да не го оствариме“- Alyce Cornyn-Selby
Само-саботажата е акт, однесување против себе, односно против своите идеи, надежи, планови, потреби, цели. Најчесто несвесно, се саботираме себеси на многу начини, наизглед банални; но кога траат предолго, потребно е поинакво делување за да можеме да го придвижиме животот во правец во кој посакуваме.
Најчестите саботерски техники кои ги применуваме за да го избегнеме неуспехот, но и за да го спречиме успехот, се следните:
– Од одложување/незавршување на обврските и планираните задачи, пасивност и прокрастинација до ризично импулсивно однесување
– Заборавање (да направите нешто, да се видите со некого, генерално нешто што може да поттикне непријатно чувство како трема или страв)
– Колебање, долготрајно недонесување одлука
– Внатрешниот критичар кој на секоја нова идеја или цел вели „Не си доволно способен/на за ова“, „Другите се подобри“, „Најверојатно е дека ќе се понижиш“
– Катастрофични очекувања „Никогаш нема да го остварам ова“, „Залудно е“
– Самосожалување и окривување на другите
– Враќање во минатото кај претходните неуспеси или непријатни животни искуства

Самосаботирањето е најчесто присутно во одредена конкретна животна област – образование, работа, партнерски или социјален живот. Последиците од долготрајното самосаботирање водат кон депресивно расположение, доживување дека животот во таа конкретна област е заглавен, до ниска самодоверба, анксиозност, незадоволство и доживување на неоствареност.
На овој интерактивен вебинар, нашата цел е да го запознаеме внатрешниот саботер, да му се придружиме и трансформираме. Со конкретни алатки, внатрешниот саботер можеме да го претвориме во лојален сојузник кон покренувањето на конкретна и јасна акција и остварување на нашите цели
Водител: Ивана Станковска, лиценциран М-р психолог и семеен советник.
За резервација следете ги следниве чекори:
1. Уплата на жиро сметка
Психолошко катче Мандала ДООЕЛ Скопје
210071851200111 НЛБ Тутунска Банка
Уплата: 900,00
1.1. Можете да уплатите и во канцеларијата на советувалиштето на следната адреса: Прашка 13 влез 1 стан 3, Тафталиџе
2. Нè известувате на e-mail psiholoshko.katche@gmail.com за Вашата валидна e-mail адреса
3. На Вашата e-mail адреса добивате линк за вклучување на вебинарот.

За повеќе информации бидете слободни да нè побарате на 072/311-677
Добредојдовте!
Добредојдовте!
Забелешка: Истиот вебинар беше последен пат оддржан на 23.11.2021.