Опис
– Дали често Ви се случува да анализирате некои разговори кои веќе сте ги имале, одново и одново размислувајќи за она што сте можеле да го кажете, а не сте го кажале, или за она што сте го кажале а не сте сакале?
– Дали се обидувате да ги предвидите нештата кои претстојат и сè она што може да тргне наопаку?
– Дали реченицата „А што ако….“ е често дел од Вашиот внатрешен разговор со себеси?
– Дали Ви се случува да легнете уморни посакувајќи добар сон, а Вашиот ум да се разбуди во полна сила и да Ве одведе од некоја ситуација во изминатиот ден до ситуација од пред 10 години?
– Дали предолго се двоумите или сте несигурни кога треба да донесете одлука?
Добредојдовте во светот на прекумерното и преплавувачко размислување, или overthinking.
Прекумерното, преплавувачко размислување навидум се чини дека ни служи да нè заштити, да ни помогне или да ни даде подобра перспектива, решенија и заклучоци; но она што реално се случува е намалување на животната енергија, креативноста и способноста за преземање конкретни осмислени чекори. Прекумерното размислување го замаглува судот и добрата проценка, го нарушува квалитетот на сонот, и ги оддржува непријатните емоции кои се движат во одредена спирала од грижа и тага до лутина и бес.
На овој вебинар, ќе отвориме значајна дискусија за оваа ментална навика или механизам за справување со животните ситуации; ќе ги видиме карактеристиките на луѓето кои имаат тенденција за overthinking, и ќе посочиме добри и позитивни стратегии со кои можеме да се избавиме од прекумерното размислување, и да го смириме/фокусираме својот процес на мислење.
Водител: Ивана Станковска, лиценциран М-р психолог и семеен советник
За резервација следете ги следниве чекори:
- Уплата на жиро сметка
Психолошко катче Мандала ДООЕЛ Скопје
210071851200111 НЛБ Тутунска Банка
Уплата: 500,00
- Можете да уплатите и во канцеларијата на советувалиштето на следната адреса: Прашка 13 влез 1 стан 3, Тафталиџе
- Нè известувате на e-mail psiholoshko.katche@gmail.com за Вашата валидна e-mail адреса
- На Вашата e-mail адреса добивате линк за вклучување на вебинарот.
За повеќе информации бидете слободни да нè побарате на 072/311-677
Добредојдовте!