Сладолед

  • Home


„Се наоѓам во соба во една куќа со мојата другарка Марина. Во соседната соба има повеќе мажи. На некој начин во сонот се тие поврзани со мене. Марина им се смее, и ми кажува дека и се смешни. Изгледаат како селани, и еден од нив држи во раце едно преубаво бебе. Некој му имаше дадено сладолед на бебето, и тоа повраќаше. Марина повторно нешто искоментира за нив, дека се тие такви. Се појави мајка ми и ни кажа дека таа му дала сладолед на бебето“. Соња 33

Соња е млада успешна жена, која во моментот кога го сонува овој сон е во емотивна партнерска криза. Нејзината другарка Марина во реалноста е многу убава, и склона кон манипулации во релациите со луѓето. Сепак, според Соња, со доминантното однесување, таа го прикрива своето чувство на инфериорност. Во сонот, присуството на Марина и на мажите кои изгледаат како селани, го отсликува токму нејзиниот проблем со кој овој сон се бави: нејзиниот однос кон мажите. Во тој однос, Соња се однесува доминантно и манипулативно.

Изненадувањето настапува кога кон крајот на сонот, тие сфаќаат мажите не се виновни за повраќањето на бебето, туку нејзината мајка. Во реалноста Соња обожува сладолед бидејќи е благ и бидејќи заклучила дека не дебели. Сонот укажува дека тоа е однесувањето кое Соња го усвоила од својата мајка: да биде слатка и слаба за да им се допадне на мажите. Исто така, и за да може да ги контролира и манипулира. Повраќањето на бебето укажува дека Соња е веќе уморна од таквиот образец и дека тоа потекнува од длабоко вкоренетото инфериорно чувство во однос на мажите. Тоа чувство ја навело да применува прикриена манипулација за да ги изрази своите потреби и желби, и за да им се допадне на мажите. Она што ни објаснува овој сон е дека инфериорното чувство во однос на мажите и потребата за манипулација не потекнува од однесувањето на мажите: тоа е само нејзин образец усвоен од нејзината мајка, кој таа сега може да го промени со цел да ги подобри своите партнерски релации.

Нема производи во кошничка