Човек во завои и синџири

  • Home


”Во мојата куќа во една соба која ја заклучувам постојано, спие еден човек. Човекот е врзан за креветот, замотан во завои од глава до пети. Овој сон го сонувам континуирано скоро 20 години“ Анита.

Анита е жена на 40 години, која е прилично повлечена и срамежлива. По анализата на сонот и психолошкото советување, Анита прави промени во својот живот. Презема некои важни чекори за себе. По тоа, истиот сон се изменува.
Врзаниот човек се ослободил од завоите и наеднаш постанал двегодишно детенце кое ги соблекува пантолончињата и си игра со своите гениталии. Некој глас во сонот и вели на Анита дека е непристојно да му допушти на мало дете да прави такви нешта. Анита се насмеала и разбудила. Анализирајќи го сонот, го увидува неговото значење.
Анита конечно успева да ја покаже сопствената машка енергија без чувство на срам. Истата онаа машка енергија која со години била врзана, и со тоа ја врзувала нејзината самодоверба во многу аспекти од нејзиниот живот. Конечно нејзината самодоверба расте, со неа и малото детенце од сонот.

Нема производи во кошничка