Психолошката дејност е мојата базична дејност, при што професионалниот пат, едукацијата и искуството ми донесоа титула магистер психолог и системски семеен советник. Своите магистерски студии по психологија ги завршив во јули 2007 година во Лион, Франција (Универзитет Лумиер Лион2), под менторство на клинички психолози Daniel Derivois и Blandine Bruyère, ориентирани кон клиничка интеркултурна практика. Магистерската работа беше потесно насочена кон клиничка работа со трудници и млади мајки кои беа мигрантки (или втора генерација на мигранти) насловена како „Раѓањето на една мајка“ и фокусирана на пренатална и постнатална психолошка состојба, клиничка проценка и поддршка.
Од 2010 се стекнав со сертификат за семеен советник од европски сертифицирана Школа за системска семејна психотерапија во Македонија (Институт за брак, семејство и системска пракса Алтернатива). Едукацијата и стручното усовршување ме одведоа кон базичниот гешталт, како и актуелната едукација од системски семејни констелации.
Мојата најголема професионална љубов е психолошка анализа на соништа. Ги проучувам соништата повеќе од 13 години, особено Аналитичката метода на Carl Jung, Marie Louis Von Franz, Marion Woodman, L.W.Jaffe, J.A.Hall, како и современите истражувачи на сонот.
Денеска работам психолошка поддршка и психодијагностика; индивидуално, партнерско и семејно советување со цел разрешување на различни психолошки и релациски предизвици, постигнување лична автентичност, целовитост, исполнетост, квалитетен личен и семеен живот.
Вистински уживам во мојата работа. Уживам во секое сознание за животните промени, постигнувања и развој кај моите клиенти. Бескрајно сум благодарна за нивната доверба, бидејќи низ работата со нив, за краток период станувам дел од нивните животни приказни и ги придружувам на нивниот пат кон развојот, менталното здравје и извонредноста. Тие, стануваат за момент дел од мојата животна приказна, и ме облагодаруваат и збогатуваат. Секој на свој начин и во својата улога и позиција во процесот, растеме и се развиваме