299,00 ден

Тема: Слободни од анксиозноста

Времетраење: 35 минути

Контакт: 072 311 677

Шифра: VEB01 Категорија:

Опис

„Слободни од анксиозноста“ е вебинар е наменет за секој кој се сретнал со анксиозната состојба, и за секој кој има свој близок кој се бори со анксиозноста.

Живееме во време во кое негуваме императивна потреба да се чувствуваме слободни, задоволни, радосни и стабилни.

Анксиозноста е сосема спротивна состојба: состојба на страв, грижа, ограничувања, несигурности.  Намерата на овој вебинар е да Ве поттикне да погледнете надвор од овој круг на анксиозноста.

На овој вебинар можете да проследите:

 

  • Разјаснување за состојбата со цел подобро разбирање на анксионоста, што претстанува неопходна алатка која ќе Ве поддржи во надминувањето на истата
  • Техника за приземјување која помага во олеснување на физичките симптоми
  • Поглед во анксиозниот страв, неговата функција и демистификација на истиот
  • Системски пристап кон надминувањето на анксиозноста: поглед во контекстот на Вашиот живот во кој истата се случува

 

Вебинарот го води Ивана Станковска, лиценциран психолог, М-р по психологија и системски семеен советник.